Фото: Zoran Cardula
Во чест на 8ми март - меѓународниот ден на жената, Македонецот Зоран Кардула го создал неговиот нов проект „Хероините на Југославија“. Со овој проект тој им оддава почит на 91 жена, национален херој. Жените борци кои го кренале нивниот глас против окупаторот, против фашизмот, а многу од нив и ја платиле слободата со сопствените животи. По распадот на Југославија, тие останале заборавени, дури и со тенденција да се минимизира нивната борба.
Во време кога национализмот, шовинизмот и фашизмот уште еднаш успеале да пронајдат плодна почва во овој регион, Зоран со поинаков уметнички пристап, ги доближува овие хероини до младата популација со помош на стилот „Поп арт“. Со тоа тој ја покажува борбата и храброста на овие храбри и моќни жени, користејќи ги одличните цртежи на академскиот сликар Зденко Свирчиќ (1924-2016).
Меѓу нив се портретите од најмладите
жени херои - Фана Кочовска и Ибе Паликуќа - кои се придружиле на партизаните на 14 и 15 години; Даринка Радовановиќ - нејзините две ќерки биле убиени пред нејзините очи, но и покрај тоа таа не кажала каде се криеле ранетите партизани; Лепа Радиќ - која пред да биде обесена од Шуцштафел трупите, извикала: „Ќе победиме“. Последната хероина која почина пред неколку дена (26.02.2018) е Даница Милосављевиќ, сестра од Првата пролетерска бригада и бомбаш во Втората бригада.