X
 15.07.2017 Технологија

Решенија на најчестите проблеми со кои се соочуваат корисниците на ајфон

Батерија која брзо се троши, изненадно исклучување на телефонот и претерано загревање при полнење се најчестите проблеми на сопствениците на ајфон. Еве како можете да ги решите овие проблеми и да го продолжите векот на батериите. 

Проблем број 1 - Батерија која кратко трае

Одете во Settings > Battery > Battery Usage. Овде можете да погледнете кои апликации трошат најмногу батерии во последните 24 часа, но и претходните 7 дена. Кликнете на икончето со часовникот за повеќе детали. Избришете ја било која апликација која не ја користите секојдневно. На апликациите кои ги користите исклучете ја активноста во позадина - Settings > General > Background app refresh.

Ако апликацијата ја користи и вашата локација, одете во Privacy и проверете Location Services, па исклучете го користењето на локацијата за одредени апликации.

Проблем број 2 - Ненадејно исклучување

Иако не се знае зошто се случува ова, постојат неколку начини да се реши ова. Ажурирајте го софтверот, ако е достапено ново апдејтирање. Направете back-up на целиот телефон, а потоа направете factory reset. Ако не успее и тоа, однесете го телефонот кај овластен сервисер бидејќи тоа е добар знак дека нешто не е во ред.

Проблем број 3 - Се загрева при полнење


Постои можност да користите полнач кој не одговара на што компанијата „Епл“ често предупредува. Од голема важност е и полначот да биде оригинал. На страницата на „Епл“ имате и упатство како да препознаете оригинал, а како лажен полнач што сигурно ќе ви биде од помош.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија