X
 15.07.2018 Живот

Клиентка ги прекршила правилата на компанијата бидејќи починала

Компанијата „Пејпал“ испратила известување до клиентка која починала дека со нејзината смрт ги прекршила нивните правила и дека поради тоа ќе следи тужба.

Популарниот систем за плаќање преку интернет бил известен за смртта на Линдзи Дурдл, која починала од рак, но сепак испратил соопштение дека нејзината смрт ги прекршува нивните правила.

Сопругот на Линдзи, Ховард, доставил копија од потврдата, тестаментот и личната карта на починатата, но и покрај тоа, на електронската пошта на Линдзи пристигнало писмо во кое е наведено дека таа им должи на „Пејпал“ 3.200 фунти. Се додава и дека било примено известувањето за нејзината смрт, поради што се прекршени правилата за користење на платежниот систем на кои корисничката се согласила при нејзиното активирање на профилот.

Сепак, на крајот од компанијата се извинија за инцидентот и покренаа истрага за да утврдат како била испратена пораката.

Дурдл изјави дека еден од вработените во „Пејпал“ му рекол дека се можни три сценарија: грешката да била предизвикана од компјутерски баг, дека станува збор за лош шаблон на пораки или дека станува збор за човечка грешка. Од компанијата се обврзаа да го испитаат случајот

.

Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот