X
 15.07.2020 Култура

Нови серии што не смеете да ги пропуштите ова лето

Ако имате слободно време, тогаш овие серии треба да се најдат на вашата листа летово.

„Нерешени мистерии“ (Unsolved Mysteries)




Aко не сте ја гледале, добро е да знаете дека станува збор за една од најпопуларните серии на „Нетфликс“ во моментот. Насловот кажува сè - станува збор за нерешени злосторства и семејства, детективи и новинари кои сè уште се обидуваат да ги решат.

„Дејв“ (Dave)




Ако не сте се запознале со Дејв Брд, попознат како Лил Дики, можеби оваа серија е вистинскиот начин да го запознаете бидејќи серијата е подобра од сето она што досега го правел. Тој е невротичен младич од американско предградие и е уверен дека неговата судбина е да стане најдобриот рапер на сите времиња. Тој е единствениот што верува во ова.

„Нормални луѓе“ (Normal People)



Mногумина тврдат дека станува збор за една од најдобрите серии од жанрот драма за оваа година, а ако сакате романтични драми, тогаш ова е вистинска серија за вас. Серијата ја раскажува приказната за Мариен и Конел, кои живеат во мал ирски град.

„Приказни од Луп“ (Tales from The Loop)




Серијата може да се опише како комбинација од „Почудни нешта“ и „Црно огледало“, а тоа само по себе звучи одлично. Станува збор за научнофантастична серија чија приказна ги следи жителите што живеат над „Луп“, фабрика изградена со цел да ги истражува тајните на вселената.

„Пери Мејсон“ (Perry Mason)




Критичарите не се воодушевени од серијата - некои ја обожаваат, додека други сметаат дека станува збор за исфорсирана ТВ-класика, но ако сакате мрачни трилери, дефинитивно дајте ѝ шанса. Пери Мејсон е приватен истражувач, воен ветеран и поранешен адвокат кој има можност да биде дел од случајот на деценијата.

„Квиз“ (Quiz)




Aко ве интересира приказната за Чарлс Инграм, човекот кој и ден-денес се смета дека со лага ја добил победата на британската верзија на „Милионер“, погледнете ја оваа мини-серија од три дела која фрла поинаква светлина на целиот случај.

„Ќе исчезнам во мракот 2020“ (I'll be gone in the dark)




Интересна документарна мини-серија за истрагата за нерешените случаи на сериски убиства што ја потресоа Калифорнија во текот на 70-тите и 80-тите.

„Велика“ (Тhe Great)



Серијата е тешко да се смести во една од постојните категории бидејќи станува збор за костимирана биографска комедија на каква не сме наишле. Дејствието во серијата го следи животот на руската царица Катерина Велика, која мора да избере меѓу сопствената среќа и иднината на Русија откако ќе се омажи за руски цар.

„Знам дека ова е вистина“ (I know this much is true)




Уште една одлична мини-серија, а овој пат станува збор за Доминик Брдси и тешкиот однос со Томас, неговиот брат близнак кој пати од параноидна шизофренија, и настојувањето да го извлече од психијатриска установа. Во улога на Доминик и Томас се појавува извонредниот Марк Рафало.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура