X
 20.01.2015 Култура

Откриени тајните позади сублиминалните пораки во Дизни цртаните

Имагинарниот свет на Дизни одамна се соочува со обвинувања за сокриени таканаречени сублиминални сексуални пораки во цртаните.

 

poraki


Од вулгарни зборови на небото во филмот „Lion King“ до сугестивен јазик во „Alladin“, колку од овие пораки се вистински?

Во време на интернет, тешко е да се каже што е вистина, а што лага. На пример, сцената со наводниот секс во филмот „Toy Story 3“ го преплави интернетот, но за брзо време излезе дека станува збор за добро смислена измама.

Том Сито, аниматор од студиото на Дизни ги открива тајните на пораките во Дизни цртаните. Иако не сте слушнале за него, тој  е дел од вашето детство, со оглед на тоа што тој работел на цртаните филмови како што се „Lion King“, „Beauty and the Beast“, „Alladin“ и многу други.

1. Дали свештеникот навистина се возбудува во цртанот „Little Mermaid“?

Што наводно се случило: Свештеникот од „Little Mermaid“ остава впечаток дека премногу ужива во венчавката. Доколку внимателно го погледнете во текот на сцената, наводно ќе видите дека има ерекција.

Објаснување: За оваа сцена нема подобар соговорник од Том Сито, бидејќи тој лично работел на овој цртан. „Всушност, тоа е неговото колено. Тој е човек со низок раст кој стои на столче, а е облечен во широк мантил кој крие се` што се наоѓа под него. Кога ја цртав оваа сцена, воопшто не размислував за неговата ерекција, но луѓето го гледаат само она што сакаат да го видат“, вели Том.

 

2. Дали Аладин на тинејџерите им вели да се соблечат голи?


Што наводно се случило:
Во една сцена Аладин наводно вели: „Добри тинејџери, соблечете ги вашите алишта“ (Good teenagers take off your clothes). Тоа се случува во моментот кога Џасмин е позади завесата. Станува збор за сцена која тинејџерите многу пати ја враќале назад за да се насмеат.

Објаснување: Сито вели дека тоа не се зборовите на Аладин. „Неговите зборови се: „Good tiger. Take off. Scat. Go!“. Двата аниматори кои работеа на оваа сцена се доста религиозни луѓе, такашто не постои шанса ова да е дело на нивната смисла за хумор“.

 

3. Дали навистина се појавува гола жена во „The Rescuers“?


Што наводно се случило: Додека Бјанка и Бернар се санкаат, се појавува гола жена поради која вашите родители не ви дозволиле пак да го гледате овој цртан.

Објаснување: „Во првиот дел на „The Rescuers“ навистина постои слика од гола жена. Кога беше работена постпродукцијата на филмот, голем дел од оригиналните проект менаџер се префрлија на друга работа. Новите менаџери го искористиле негативот од 1977 година, не знаејќи дека на сцената има гола жена. Всушност, станува збор за внатрешна шега меѓу аниматорите“, вели Сито.

 

4. Дали во „Lion King“ се појавува зборот „секс“?


Што наводно се случило: На една сцена на небото се појавува зборот „секс“ и после тоа, вашето детство засекогаш е уништено.

Објаснување:
Сито вели дека не постои никаква скриена порака бидејќи зборот не е „секс“. „Станува збор за одделението за специјални ефекти (Special Effects Department, а неговата кратенка е SFX), што значи не пишува „sex“ туку „sfx“.

 

5. Дали Џесика Рабит има сериозни проблеми со гардеробата?


Што наводно се случило:
На една сцена од филмот „Who framed Roger Rabbit“, Џесика Рабит паѓа од автомобилот и се чини дека и` се откриени некои делови од телото. Или пак не?

Објаснување: Изгледот може да мами, но не во овој случај. Наводно, оригиналните копии од филмот, оние во кои се гледа долната облека на Џесика, подоцна биле преправени. Во подоцнежните верзии од филмот, нема ништо спорно со откриените делови на Џесика.

Иако Сито не ја потврдува скандалозната сцена, тој вели дека внатрешните шеги некогаш биле составен дел од филмовите.

„Зборувам за време пред видео рекордерите, кога беше невозможно со голо око да се видат сцени кои се прикажуваат во десеттиот дел од секундата. На тој начин аниматорите се шегуваа едни со други, сосема сигурни дека никој нема да забележи. Но, со денешната технологија возможно е да се анализира и илјадитиот дел од секундата, такашто нивните шеги излегоа на виделина“.

На прашањето дали постојат други такви шеги за кои јавноста не знае, Сито вели: „И ако ги има, не би ви ги кажал. Впрочем, ако немате попаметна работа паузирајте и анализирајте ги цртаните сцена по сцена, па самите ќе откриете... или можеби не“, вели тој.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура