X
 05.09.2023 Култура

Новиот филм на Бенедикт Камбербач ја има највисоката оцена на „Ротен томејтос“

Иако на „Нетфликс“ ќе пристигне кон крајот на септември, филмот „Прекрасната приказна за Хенри Шугар“ (англ. The Wonderful Story of Henry Sugar“) веќе ги воодушеви критичарите и доби совршени 100 отсто на „Ротен томејтос“.

Во режија на неповторливиот Вес Андерсон, краткиот филм е базиран на една од приказните на Роалд Дал. Станува збор за богат човек кој дознава за гуру кој тврди дека може да гледа без очи, за тој да ја совлада вештината да може да лаже при коцкање.

Бенедикт Камбербач се појавува во главната улога, заедно со Ралф Фајнс, Бен Кингсли, Дев Пател и Ричард Ајоаде.

- Вес Андерсон и Роалд Дал го прават еден од најдобро усогласените бракови во киното, а овој филм е чудно убава антологија - пишува „Плејлист“, додека „Њујорк тајмс“ го опишува филмот како одличен.

„Дејли телеграф“ наведува дека Андерсон се покажува како најдобриот толкувач на Дал, а „Лондонг ивнинг стандард“ истакнува дека 39-минутната адаптација на Андерсон на истоимената приказна на Роалд Дал е навистина креација.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура