Џим Морисон важи за еден од најпознатите, најпопуларни и највлијателни пејачи во историјата на рок-музиката, а неговата група „The Doors“ се смета за една од највлијателните рок-групи, и не само од музички аспект.
Освен водечки вокал и текстописец, Морисон е и автор на неколку книги поезија, документарни и кратки филмови и неколку музички спотови.
Ова се некои мудри мисли што ги кажал во текот на неговиот живот.
- Оној што ги контролира медиумите, го контролира и умот.
- Најважниот вид слобода е да бидеш она што навистина си. Си ја продаваш реалноста за улога. Се откажуваш од способноста да чувствуваш, а за возврат ставаш маска.
- Ако мојата поезија има цел, тоа е да ги ослободи луѓето од ограничените начини со кои гледаат и чувствуваат.
- Љубовта не може да те спаси од сопствената судбина.
- Се плашиме од насилството помалку отколку од сопствените чувства. Личната, приватната, осамена болка е пострашна од тоа што некој друг може да ти го нанесе.
- Омразата е многу потценета емоција.
- Пријател е некој што ти дава целосна слобода да бидеш свој.
- Дрогата е облог со твојот ум.
- Луѓето повеќе се плашат од смртта отколку од болката. Чудно е што се плашат од смртта. Животот боли повеќе од смртта. Кога станува збор за смртта, болката ја нема.