Ви претставуваме неколку мисли на големиот Џорџ Орвел, а оставаме вие да процените колку неговите цитати се вистинити и колку може да ни помогнат во сфаќањето на денешното општество.
- Политичкиот јазик е дизајниран со намера лагите да звучат како вистина и да се оправдуваат убиства.
- Најефикасниот начин да се уништи еден народ е да му се негира и избрише разбирањето на сопствената историја.
- Слободата е право да им се кажува на луѓето тоа што не сакаат да го слушнат.
- За оние што сакаат да управуваат со нас, војната е мир, слободата е робување, а незнаењето е сила.
- Ако сакате да сочувате тајна, тогаш мора да ја скриете од себеси.
- Оние што го контролираат минатото, ја контролираат иднината. Оние што ја контролираат сегашноста, го контролираат минатото.
- Ако сакате да ја замислите иднината, замислете чизма како гази човечко лице - засекогаш.
- Пред луѓето со лаги се сервираат само два избора: среќа и слобода. За големо мнозинство од луѓето среќата е многу подобар избор.
- Партиите само бараат начини да се одржат на власт. Не ги интересира добросостојбата на другите, не ги интересира правдата, партиите единствено тежнеат кон моќ и власт.
- Моќта над другите значи разбивање на нивниот ум на милион делчиња, а потоа истиот тој ум се сложува и гради на начин кој им одговара на моќниците.
- Во време на универзални лаги, истражувањето на вистината е револуционерен потег.
- Национализмот е глад за моќ обоена со залажување.
- Најбрзиот начин за ставање крај на војната е да изгубите.
- Луѓето главно сакаат да бидат добри, но не предобри и не баш секогаш.
- Новинарството е печатење нешта кои властите не сакаат да излезат во печат, сѐ друго спаѓа во доменот на односи со јавноста.
- Сета воена пропаганда, сето врескање, сите лаги и омразата доаѓаат исклучително од страна на луѓето што не се борат.
- За човекот да види што му се случува пред носот, мора постојано да се бори против самиот себе.
- Никој не доаѓа на власт со мисла дека еден ден ќе си отиде од таа власт.
- Колку повеќе општеството запаѓа во лаги, толку повеќе луѓето ги мразат оние што ја кажуваат вистината.
- Глупоста е еднакво важна како и интелигенцијата, но интелигенцијата е тешка за одржување.
- Сѐ е тешко, а најтешко е да се биде нормален.
- Моќта расипува, а апсолутната моќ расипува апсолутно.
- Сиромаштијата ги ослободува луѓето од стандардното однесување како што богатството ги ослободува луѓето од работа.
- Минатото се брише за да се осигури дека никој не знае што се случило во минатото, на тој начин лагата станува вистина.
- Не поседуваме баш ништо освен неколку кубни сантиметри во сопствениот череп.
- Никој денес не може да сака целосно чисто бидејќи не постои емоција која е целосно чиста, сѐ се измеша со омраза и страв.
- Главната заповед во деспотското општество е „ти не смееш“, во тоталитаризмот е „ти мораш“, а консумерската заповед е „ти треба“.
Извор:
bastabalkana
Насловна фотографија: Wikipedia