Обидете се да усвоите барем некоја од мислите и насоките на Емил Куе, француски психолог и фармацевт, творец на популарна метода на психотерапијата - усовршување врз основа на оптимиситична автосугестија.
- Јас никому ништо не му наметнувам, едноставно ги учам луѓето да го прават она што би сакале да го направат, но тие главно се преправаат дека не се способни да го направат тоа. Помеѓу мене и нив не постои конфликт, туку соработка. Врз нив не влијаам јас, туку силата што постои во нив, а јас само ги учам како да се служат со неа - Емил Куе
- Годините не нè прават стари, туку нашите верувања дека сме стари. Постојат луѓе што се млади и во осумдесеттата година, а има и такви што се стари уште во четириесеттата.
- Алтруистот (оној што се грижи за благосостојбата на другите) не барајќи, го пронаоѓа она што егоистот не го наоѓа и кога го бара.
- Колку повеќе добро им правите на другите, толку повеќе добро си правите себеси.
- Кога две личности живеат заедно, попуштањето, навидум меѓусебно, секогаш е заслуга на една личност.
- Имајте многу идеи, па кога ќе ви здосади една од нив, занимавајте се со друга.
- Наследените тенденции постојат поради можноста да се остварат.
- Не е важно од каде доаѓа злото, важно е да се борите против него.
- Секогаш треба да ги поедноставите работите, никогаш да не ги комплицирате.
- Стоиците oтсекогаш се потпираа на суетата не говорејќи: „Не сакам да трпам“, туку „Не трпам“.
- Богат е оној што мисли дека е богат, а сиромашен - оној што мисли дека е
сиромашен.