X
 02.09.2020 Живот

Полната месечина што ќе се појави на небото оваа недела се случува еднаш на 3 години

Оваа недела, првпат во три години, септемвриската полна месечина е во уникатна ситуација: ќе се случи рано во месецот, поради што добива сосема различно име - месечина на пченката, наместо месечина на жетвата.

Оваа полна месечина го достигна врвот во 01:22 часот по полноќ (5:22 часот по средноевропско време) на 2 септември, според НАСА.

Обично, полната месечина во септември е позната како месечина на жетвата, бидејќи е првата полна месечина најблиску до првиот ден на есента, познат како есенска рамноденица. Но, оваа година есенската рамноденица паѓа на 22 септември, со што полната месечина на 1 октомври е месечина на жетвата.

Како и секоја полна месечина, и оваа се појавува полна три последователни дена, почнувајќи од 31 август до четврток наутро (3 септември).

Полна месечина се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината формираат линија, овозможувајќи страната на Месечината свртена кон Земјата да биде целосно осветлена од Сонцето.

По следната полна месечина на 1 октомври, ловец-месечината ќе го осветли ноќното небо. Други имиња за месечина-пченка се овошна, јачменова и гладна дух месечина, што се однесува на кинескиот фестивал на гладни духови што се случува на 15-тиот ден од седмиот месец на кинескиот лунарен календар, според НАСА.

На овој ден, се верува дека духовите на предците ги посетуваат живите.

Извор: Live Science
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот