Американската вселенска агенција НАСА ги повикува сите да ѝ помогнат во собирањето податоци за мистериозен небесен феномен. Станува збор за црвени светлосни зраци кои се појавуваат над невремињата и може да достигнат и до 90 километри височина во атмосферата.
Вселенската агенција смета дека многу луѓе случајно направиле фотографии од феноменот и овие фотографии би можеле да помогнат за негово подобро разбирање. Затоа, сите што имаат фотографија или видео од овој феномен може да ги споделат материјалите во рамките на проектот наречен „
Спритакулар“.
Целта на проектот е да ги спои професионалните научници и луѓето што имаат фотографии или видео од небесниот феномен. Според физичарот Бурку Косар, поголемиот дел од научниците воопшто не се свесни за фотографиите од феноменот кои луѓето ги објавуваат на интернет.
Феноменот најчесто се појавува неколку моменти по молња и може да има различен облик на црвени зраци.
Првата фотографија од овој феномен била направена во 1989 година.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија:
Зденек Бардон/ESO