Дали некогаш сте се запрашале што лежи под дебелиот мраз на Антарктикот? Истражувачи од Универзитетот „Колумбија“ нашле одговор на ова прашање. Тимот открил дека под мразот на западниот дел од Антарктикот има циркулаторен систем на подземни води.
- Луѓето претпоставувале дека би можело да има подземни води во овие делови, но досега никој не направил детално снимање - изјавила Клои Густафсон, главен автор на
истражувањето.
Според неа, под земјата има толку многу вода што веројатно влијае врз ледените тековни процеси. Ова откритие укажува и на некои опасности поврзани со климатската криза.
Фото: Pixabay
Истражувачите предупредуваат дека поголемиот дел од седиментните басени на Антарктикот моментално се под морското ниво, што значи дека доколку мразот се намали поради климатските промени, океанските води би можеле да ги потопат седиментите и да ги поместат глечерите нанапред, со што би се зголемило морското ниво.
Истражувачите користеле техника наречена магнетотелурично снимање за да ги мапираат седиментите под мразот во период од шест недели во 2018 година.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay