X
 15.08.2018 Живот

Отворено е работно место во Бакингемската палата, годишната плата е 22.000 евра

Бакингемската палата објави оглас за мијач на садови во кујна. Огласот е објавен на страницата „Royal Household“, а во него се наведува дека е потребен нов член за да се обезбеди уште подобра услуга.

Омилениот десерт на кралицата Елизабета Втора е чоколадна бисквит-торта, а се чини дека во кујната им е потребна помош штом бараат нови работници, за сѐ да биде на кралско ниво.

Годишната заработка за мијачот на садови во кралската палата е околу 22.000 евра, со обезбедена храна, платено пензиско и 33 дена годишен одмор.

Претходно искуство не е потребно затоа што е обезбедена обука, важно е само заинтересираните да бидат подготвени да работат со тим професионалци.

- Најважно од сѐ е да сте тимски играч, да сте заинтересирани за работа, да имате иницијатива и да сакате со колегите секојдневно да остварувате успеси - стои во огласот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот