X
 25.02.2016 Живот

Кои се најуспешните Aлбанци од Македонија за 2015?



Спортот, културата и уметноста се само дел од категориите на “Милингона е арт” преку кои се номинирани поединци или група на творци кои интензивно работеле во 2015 година. Од вкупно девет категории, сумирани се околу 40 номинации.

Манифестацијата “Милингона е арт” се организира веќе четири години по ред, со една единствена цел да ги евидентира и да го награди придонесот на сите оние творци кои активно работеле, донеле новости, и се истакнале во годината која ја оставаме зад нас. Целосниот список на номинирани и нивните биографии со достигнувањата може да се најде на следниот линк: www.milingona.org.

По завршувањето на гласањето од публиката, кој беше отворен до 21 Февруари 2016 и гласањето на стручното жири, на 28 Февруари на свечена церемонија ќе бидат доделени наградите за секоја категорија поединечно.

Организаторот “Милингона е арт” како и секоја година ќе додели и почесни награди, а тие се:

Награда за животно дело ова година ќе добијат:

Ремзи Несими - Професор по албански јазик во пензија, истакнат научник, чии книги сé уште се користат за изучување на албанската граматика.

Рок групата „Телекс“ - Скопската група во 80-те важеше за една од најинтересните групи. Нивните песни имаа големо влијание врз многу од идните уметници, а нивните хитови се пеат и препеваат и ден денес.

Златко Ориѓански - Го добива оваа година Признанието за промоција на албанските вредонсти, кое се доделува на лице неалбанец/ка. Ова признание му се доделува за соработката и градењето на мостови меѓу културите.

Фондацијата „Златна Рипка“ - Добива призание за хуманост, поради нивниот секојдневен напор да ги усреќат децата со терминални болести исполнувајќи ги нивните желби. Овогодишната кауза на “Милингона е арт” е следна:

“Постои само една дејност што допира толку многу внатре во нас, меѓу нас и не спојува со другите. Инспирирани токму од тоа и нашата желба за создавање на простор за развој на творештвото, нашата кауза ова година се однесува на уметноста. Новогодишниот Виенски концерт на 2015 година го обележа настапот на маестро Шкелзен Доли со звуците на изворната албанска музика “Albanian soul”. обиколувајќи го светот, овој дух прелеван во уметност е тоа што “Милингона е арт” на посебен начин го вреднува.

Во продолжение ви ги доставуваме категориите и номинациите на “Милингона е арт - 2015”.

Влијанието во градењето на култура (институции):
Центар за балканска соработка – “Лоја”
Културен информативе центар – Скопје
Театар Пошка
Тетовскиот театар
Одделението за култура - Општина Тетово

Годишни достигнувања во спортот:
Дрита Ислами - атлет
Идриз Бислими – боксер
Изаир Емини – фудбалер
Јасин Реџалари – борец
Шабан Муртиши – Каратист

Достигнување во музиката:
Адриан Гаџа & Линдон
Бла Бла Бла
Кепурдат
Венера Лумани
Вулнет Ибраими

Годишни достигнувања во категоријата на научни изданија, литература и публицистика:
Аурора Ндрио Карамети
Беким Кадриу
Линдита Ахмети
Ќемал Мурати
Скендер Асани

Годишни достигнувања во медиумите:
Вестите, Алсат-М
Click Plus - TV 21
Патот кон ... Алсат М
Лаура Папранику – Коха

Годишни достигнувања во изведувачки уметности:
Луран Ахмети
Ќендрим Ријани
Џевдет Јашари
Висар Вишка

Годишни достигнувања во изведувачки уметности – сериозна музика:
Блерим Груби – Виола
Дуо Скупи – Флејта и Виолина
Сихана Бадивуку – Виолина
Шкелзен Бафтијари – Пиано
Шкелзен Пајазити – Виолина

Талент на годината:
Хадис Рамадани – Кикбокс
Мурат Жерка – Режисер
Нита Груби – Пиано
Салије Бајрами – Пејачка
Шпенд Гафури – Боксер

Годишни достигнувања во визуелните уметности:
Агрон Абдули  
Линдита Беќири
Невзат Бејтули Кица
Осман Демири
Сафет Спахиу  

Пошироката јавност овој гламурозен настан ќе може да го проследи на телевизија Алсат- М на 01.03.2016 со почеток од 22.30 часот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот