X
 27.06.2018 Живот

Семејствата што живеат близу „Фејсбук“ почнаа да се иселуваат

Сандра Замора го напушта „Фејсбук“. Не го прави тоа поради стравот од злоупотреба на нејзините податоци или нешто слично. Нејзиниот проблем со „Фејсбук“ е од лична природа. Имено, седиштето на оваа компанија се наоѓа во нејзиното непосредно соседство и таа тврди дека присутноста на овој технолошки гигант ја уништува заедницата во која живее.

29-годишната Замора и неколку жители од местото Менло Парк наскоро ќе се соочат со зголемување на киријата бидејќи се наоѓаат близу кампусот на „Фејсбук“. Нивниот нов станодавач смета дека близината на „Фејсбук“ е предност и поради тоа ги зголемува цените за изнајмување домови. Замора вели дека ќе настојува да издржи колку што може, но е свесна дека наскоро ќе мора да го напушти домот во кој живее веќе 11 години.

fb
Фото: Reuters


- „Фејсбук“ ја уништува нашата заедница - вели таа.

Експанзијата на технолошките индустрии го влошила квалитетот на животот за многу семејства со ниски примања и тоа довело до преселување на овие семејства. Некои од нив станале уште посиромашни поради тоа. Кризата е пред вратата на многу домови бидејќи групата од агенции за продажба и изнајмување недвижности, која одамна презеде 20 апартмани околу кампусот на „Фејсбук“, најави дека ќе ги зголеми цените на кириите.

Станарите се организирале, меѓутоа, за брзо време откриле дека немаат пари за правна борба и дека не можат никако да ја контролираат висината на недвижностите. Локалната непрофитна организација за правна помош успеала да го одложи зголемувањето на цената на киријата, но само да го одложи.

- Неправедна е ситуацијата и покрај тоа што можеби сето тоа е легално - вели адвокатот на станарите, Даниел Савер.

Еден од станарите вели дека би сакале извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, некако да им помогне.

- Ние не работиме за „Фејсбук“, тогаш зошто мора да плаќаме толку високи цени? - вели Кариел.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот