X
 15.08.2019 Живот

ОН предупредуваат: Храната ќе стане многу скапа

Глобалните резерви на храна се на раб на катастрофа, покажува новообјавен извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени при Обединетите нации.

Повеќе од сто експерти придонеле за извештајот, во кој се заклучува дека климатските промени веќе негативно влијаат врз производството на храна. А се очекува проблемот да стане и полош ако глобалните температури продолжат да растат, иако сè уште не е предоцна да се избегне тотална катастрофа.

Според авторите на извештајот, станува сè потешко да се произведе храна среде сè почестите суши, топлотните бранови, пожарите, поплавите и топењето на пермафростот.

Тука може да се додадат и сè поголемите количества јаглероден диоксид во атмосферата, кои го намалуваат квалитетот на храната што се произведува и јасно е дека одиме кон иднина во која ќе има уште помалку храна наоколу - што значи дека храната што ќе биде достапна ќе чини повеќе.

Иако ова звучи застрашувачки, еден од водечките автори на извештајот верува дека сè уште можеме да избегнеме катастрофа, но само ако се потрудиме.

- Едно од најважните откритија на нашата работа е дека има многу нешта што можеме да ги направиме сега. Тие ни се достапни. Она што некои од овие решенија го бараат се внимание, финансиска поддршка, околина во која има услови - истакна Памела Мекелви, водечки автор на извештајот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот