X
 15.01.2023 Живот

Мусолини не сакал тестенини, а Хитлер бил вегетаријанец... Што јаделе најголемите диктатори?

Викторија Кларк и Мелис Скот се автори на новата книга „Вечерите на диктаторите“, која открива во кои оброци уживале некои од најголемите светски диктатори.

Меѓу другото, се открива дека омиленото јадење на Бенито Мусолини било салата од лук и лимон прелиена со маслиново масло. Мусолини јадел цела чинија од оваа салата, а кога го правел тоа, таа ноќ спиел сам во собата бидејќи неговата сопруга не можела да го поднесе мирисот на лук.

Понекогаш Мусолини уживал и во бифтек мариниран во различни билки, вклучувајќи го и мајоранот. Тој целосно се откажал од алкохолот пред својата 40-та година. Иако сметал дека италијанската кујна е најдобра на светот, не бил љубител на тестенини.

Кога станува збор за Адолф Хитлер, веќе е познато дека тој бил вегетаријанец. Меѓутоа, тој не одбивал месо целиот живот. Едно од неговите омилени јадења пред да стане вегетаријанец било гулаб со јазик, црн дроб и ф'стаци. Тој се плашел дека некој ќе го отруе со храна, па затоа имал тим од 15 луѓе чија задача била да го пробаат секој оброк пред него.


Фото: Адолф Хитлер/Wikipedia

Пред крајот на војната, неговиот систем за варење бил толку оштетен, што јадел само пире и супа со зеленчук.

Најголем гурман помеѓу диктаторите бил Ким Џонг-ил. Тој имал повеќе светски готвачи и мала армија од жени задолжени за анализа на оризот бидејќи сакал сите зрна во неговата чинија да се со иста величина, облик и боја.


Фото: Ким Џонг-ил/Wikipedia

Тој најмногу сакал да јаде суши, супа од ајкула и месо од куче.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Бенито Мусолини/Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот