X
 18.03.2015 Здравје

Што ќе јадеме во 2020 година?

Денешната исхрана изгледа сосема различно од исхраната на човекот пред 10 години. Брзата храна направена од здрави намирници доминира во светот.


Вашиот следен оброк е на еден повик од вас. Рестораните за брза храна започнуваат да служат здрави намирници. Овие трендови се само почеток. Најиновативните компании во областа на исхраната ги предвидуваат трендовите за следните 5 години.

Удобноста нема да биде „лош збор“

Напредоците во технологијата веќе го менуваат начинот на кој се храниме. Технологијата создава нови можности за луѓето да се исхрануваат со порачки, киоски и друго. Рестораните кои носат здрава храна до влезната врата ќе станат се' почести. Ваквите сервиси го олеснуваат јадењето и го елиминираат готвењето, па затоа стануваат популарни.

Чао, хемикалии. Здраво, бактерии.

Се' повеќе луѓето стануваат свесни за вештачките додатоци во исхраната. Движењата против адитивите во храната ќе се исплатат. Рестораните и компаниите реагираат на нив. Истовремено, научниците веќе пронаоѓаат поволности во додавањето бактерии во храната. Производите ќе бидат „полнети“ со бактерии за подобрување на здравјето.

Нова, подобра дефиниција за здравје

Маснотиите се' уште се најголем непријател на луѓето загрижени за здравјето. Но, очигледно тоа нема да биде така уште долго. За 10 години, нашето разбирање за здравите намирници ќе се промени. Луѓето ќе се исхрануваат за да се чувствуваат добро, не за да ослабат.

Паметна почва

Голем дел од најважните напредоци во храната ќе се случуваат на фармите, од нови сензори до паметни почви. Луѓето ќе го разберат составот на почвата и ќе работат на подобрување на опремата за производство. Напредокот ќе овозможи системи за следење на условите на полето и ќе се подобрува самата почва.

Изгледа добро, не?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје