Паметни очила со кои се управува со погледот и кои самостојно ги обработуваат податоците се нешто што можеби звучи како научна фантастика. Сепак, една виенска компанија не мисли така.
Додека спонтано шетате на плоштадот пред виенската катедрала „Свети Стефан“, може да ја погледнете заинтересирано, а вашите паметни очила ќе го препознаат објектот и автоматски во вашето видно поле ќе ги прикажат сите потребни информации за него.
Ова е само една од примените на оваа технологија.
Вашите очи при употребата на овој уред ја преземаат улогата на компјутерско глувче. Со очите може да се одбираат сите занимливости. Системот е во состојба да направи видео или фотографија и потоа да ги испрати на одредена е-пошта.
Многу компоненти се произведуваат со помош на 3Д-печатач, а електрониката во очилата се вградува
рачно.
Иако првичниот план на произведувачот (виенската компанија „Вју поинт систем“) бил производството да се префрли во Силициумската долина во Америка, благодарение на поттикот од ЕУ, било донесено решение производството да остане во Австрија.
Треба да се напомене дека веќе има слични уреди кои ги нудат поголемите играчи како Гугл, Мајкрософт и Сони.