X
 18.11.2024 Технологија

Марк Закерберг го најави крајот на мобилните телефони

Мобилните телефони се појавија во нашите животи пред нешто помалку од три децении, носејќи вистинска револуција. Сепак, ништо не трае вечно и сега се наѕира промена. Имено, извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, јасно стави до знаење што нѐ очекува со неговата впечатлива изјава: „Ќе биде исто како со компјутерите“.

Закерберг веќе спомена потенцијална замена. Зборува за производ кој постепено ќе ги замени паметните телефони, откако паметните часовници не успеаја да ја преземат таа улога. Паметните часовници останаа корисен додаток, но не станаа доминантна платформа. Закерберг истакнува елемент кој ќе го промени технолошкиот пејзаж - паметните очила.

-Тие ќе станат следната голема компјутерска платформа. Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон ќе биде повеќе во вашиот џеб отколку надвор од него. Мислам дека тоа ќе се случи во 30-тите години и додека ќе можете да ги извршувате задачите поцелосно или подобро со телефонот, корисниците ќе се одлучат за практичноста на очилата за да го направат истото - тврди Марк.

„Епл“ со своите „вижн про“ и „Мета“ се најистакнатите компании во развојот на паметните очила, но многу други технолошки компании долго време работат на истиот производ.

Извор: benchmark.rs

Фото: Facebook

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија