X
 19.01.2016 Живот

"Како добив 15 интервјуа за работа за 30 минути?"

Лорин Холидеј имала практично искуство и работела на надградувањето на својата професионална биографија до 20-годишна возраст, но ѝ била потребна платена работа. По аплицирањето за повеќе работни места, таа добила само едно интервју за работа, на кое ѝ било споменато за „Constant contact“, маркетинг клиент за електронска пошта за кој не знаела претходно, пишува таа за „Muse


Штом пристигнала дома, решила да го проба сервисот. Таа сфатила дека платформата може да ја искористи за да најде работа. Таа сакала да најде начин со кој ќе остане запомнета од страна на работодавците кои го добиваат нејзиниот мејл. Таа одлучила да создаде маркетинг кампања за електронска пошта.

Нејзината понуда гласела: „Добијте еднонеделен пробем период од Лорин“. Резултатот? Таа добила 15 интервјуа за работа за помалку од 30 минути работа. За неколку дена, таа станала платен маркетинг менаџер.

Како успеала?

Првиот чекор на Лорин бил регистрирање за бесплатен профил на „Mail chimp“. Потоа, таа создала листа од луѓе кои потенцијално би ја вработиле. Листата од електронски адреси ја внела во „Mail chimp“. Дополнително, таа додала адреси од интересни огласи за вработување. Конечната листа била составена од 162 различни адреси. Со „Mail chimp“, таа испратила електронски пораки до сите овие адреси.

Најбитното нешто што треба да го знаете, според неа, е моќта на интересниот наслов. Таа напишала: „Вработете ја Лорин Холидеј“, но доколку би ја пишувала пораката сега би напишала: „Вработете новинар со ум на маркетинг експерт“ или „Научете како успеав во -- за компанијата --“.

Потоа, таа внела слика во електронската порака на која го имало нејзиното лого и слоганот „Сè што сакам е да го сменам светот“. Таа се одлучила за оваа фраза бидејќи сакала да ја покаже својата страст и да се разликува од останатите кандидати.

Во главниот дел од пораката, таа продолжила со интересното пишување.

„Мора да го принудите читателот да продолжи да ја чита вашата порака докрај“, вели таа.

Лорин овде им понудила на работодавците „пробен период од нејзината работа“. Таа вметнала и примероци од претходната работа за да покаже што има да понуди, но и линк до нејзиното портфолио и социјалните мрежи.

Резултатите

По испраќањето на пораките, таа започнала да добива податоци за нив. 74 луѓе ја отвориле нејзината порака, некои повеќепати, а некои само еднаш. За неколку дена добила дури 15 барања за интервју. Работодавците ѝ кажале дека им се допаднала креативноста и оригиналноста на нејзиниот пристап.

Конечно, на 20 години, таа станала платен маркетинг менаџер поради една електронска порака која ја создала за половина час.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот