X
 15.08.2021 Образование

Во Данска се гради училиште со зелен покрив кој се спојува со околината

Официјално започнала изградбата на современ архитектонски проект кој ќе биде и историски за Данска. Станува збор за училиште дизајнирано од данската архитектонска фирма „Хенинг Ларсен“, кое ќе биде изградено по строги еколошки стандарди.

Ева Равнборг, партнер во „Хенинг Ларсен“, го опишува новото училиште како поле помеѓу учењето и пејзажот во кое учењето се одвива и додека се оди од и до училиштето и кое целосно ќе биде поврзано со локалната заедница.



Еден начин на кој училиштето ќе се спои со природната околина е огромниот зелен покрив на кој ќе може да се оди. Зградата ќе биде сместена во природа и поврзана со природата, а во неа ќе се влегува низ повеќе влезови. Многу училишни часови ќе бидат одржувани на отворено.

Во училиштето ќе има библиотека, центри за атлетика, музички соби и училници кои ќе бидат интегрирани во околината, а во него ќе има место за 580 ученици и 100 вработени.

Извор: My Modern Met
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование