X
 15.09.2018 Технологија

Едноставен трик со кој батеријата на ајфонот трае два дена

Една девојка открила трик со кој батеријата на ајфонот може да трае и до два дена. Таа вели дека не е експерт и дека трикот може да направи проблем со телефонот на некое ниво што таа воопшто не го знае, но дека не забележала никакви негативни промени - сао телефонот на батеријата ѝ трае подолго.

Таа тврди дека трикот го пробала на ајфон 6 и 8 Плус моделите и дека батеријата, која траела половина ден, после трикот издржувала и до 2 дена.

ajfon
Фото: Promo


1. Оставете батеријата од телефонот целосно да се испразни.

2. Кога ќе се случи тоа, вклучете го телефонот и полначот. Штом на екранот се појави логото на „Епл“, исклучете го и оставете повторно да се исклучи. На овој начин телефонот целосно ќе се „ослободи“ од било каква сила што останала.

3. Кога телефонот ќе се исклучи втор пат, повторно вклучете го во полначот. Ако повторно се појави логото на „Епл“, исклучете го телефонот и оставете да се полни.

4. Оставете го телефонот изгаснат барем 5 часа. Идеално би било да го оставите да се полни преку ноќ.

5. Вклучете го телефонот додека е на полнач и ресетирајте го држејќи го копчето „home“ заедно со копчето „Off“ од страна.

6. Сега батеријата треба да ви трае подолго.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија