На 26 септември небото во заливот Шенжен беше осветлено со спектакуларно светлосно шоу со дронови, означувајќи го почетокот на прославувањето на Националниот ден.
Светлосното шоу беше овозможено од 10.197 дронови, со што беа соборени два светски рекорди: рекорд за најмногу беспилотни летала во воздухот управувани од еден компјутер и најголемата воздушна слика создадена од дронови.
Синхронизираниот рој од беспилотлни летала формираше сложени обрасци што ги воодушевија гледачите. Врвот на шоуто беше сцената „Скај сити“, каде што илјадници дронови се движеа во прецизна координација за да создадат волшебен воздушен спектакл.
Исто така, изложбата вклучи елементи од културното наследство на Шенжен, комбинирајќи ја иновацијата со традицијата. Беа прикажани култните знаменитости на градот, заедно со сцените инспирирани од борачките вештини на Винг Чун, кои ја претставуваат богатата историја на градот.
Оваа извонредна изведба беше само почеток на еднонеделната прослава во Шенжен. Седум последователни дена над 10.000 дронови го осветлуваа небото низ пет области во градот.
Овој спој на уметност и технологија го покажа лидерството на Кина во поместувањето на границите во забавната и визуелната технологија.
Овој неодамнешен настан следува по уште едно рекордно прикажување на беспилотни летала што се случи претходно месецот. На 3 септември неверојатно светлосно шоу со 7.598 беспилотни летала го осветли небото над провинцијата Џилин, во чест на 72-годишнината од автономната корејска префектура Јанбија.
Извор:
Interestingengineering.com
Фото: Guinness World Records