X
 15.09.2022 Забава

Кој е најпопуларниот член на кралското семејство?

Сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон, новата принцеза од Велс, низ годините стана една од клучните фигури на британската монархија и еден од најпопуларните членови на кралското семејство.

Вита и самоуверена, со темна коса до рамената и елегантна облека, 40-годишната Кејт, која во петокот беше крунисана како принцеза од Велс од новиот крал Чарлс III, ги извршува своите кралски должности со беспрекорна грациозност, прикажувајќи се себеси како модерна и внимателна мајка на три деца.

Британските медиуми ја гледаат како пример за член на монархијата и како целосен контраст од Меган Маркл, сопругата на Хари, помладиот брат на Вилијам. Меган и Хари, кои имаат прилично студен однос со кралското семејство, сега живеат во Калифорнија, САД.

Кејт е популарна кај 68 отсто од Британците и таа е попопуларна од нејзиниот сопруг, кој го поддржуваат 66 отсто од населението. Тие имаат три деца, Џорџ, Шарлот и Луис.

За Кејт се вели дека се справува со проблемите на мирен начин и сите тензии ги прифаќа со резерва која се граничи со стоицизам.

Принцезата, која се омажи за Вилијам во 2011 година, низ годините се наметнуваше како столб на монархијата со цел да го врати добриот имиџ на кралското семејство, по неколкуте скандали, меѓу кои и разводот на Чарлс и принцезата Дијана.

Многу Британци сметаат дека Вилијам и Кејт се огледало на Елизабета и нејзиниот сопруг Филип.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава