X
 11.05.2022 Живот

Кејт Мидлтон вработува личен асистент за нејзината секретарка

Дали барате ново работно место, а притоа можете да работите во Велика Британија? Доколку е така, имаме одлични вести за вас: Кејт Мидлтон моментално бара личен асистент за нејзината секретарка.

Уште подобра вест е дека еден од критериумите што ќе бидат земени предвид е во суштина да се биде нејзин обожавател: треба да имате интерес за работата и активностите на војводата и војвотката од Кембриџ, пишува во описот на работното место.

Што се однесува до задачите на избраниот кандидат, во описот пишува дека улогата ќе обезбеди широка административна и оперативна поддршка на помошникот на приватната секретарка.

Новиот вработен ќе биде сместен надвор од палатата Кенсингтон и од него се очекува да работи 37,5 часа неделно, а ќе заработува околу 34.000 долари.

Доколку сакате да аплицирате и ги исполнувате условите, тоа можете да го направите ТУКА.

Извор: Marieclaire.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот