X
 27.04.2018 Живот

Членовите на британското кралско семејство како бебиња

Среќните родители Вилијам и Кејт, војводата и војвотката од Кембриџ, пред јавноста го покажаа својот втор син, кој се роди во понеделникот, 23.04.2018. година.

Број два во престолонаследувањето


На 22.јули 2013. година Кејт го роди Џорџ Александар Луис, своето прво дете со принцот Вилијам. Неполни две години подоцна, на 2. мај 2015. тој ја доби својата сестричка, Шарлоте. Џорџ е трет во редоследот за седнување на престолот, по дедото Чарлс и својот татко Вилијам.

Принцезата Шарлоте


Два дена по раѓањето на сестричката на принцот Џорџ, таа го доби името: Шарлоте Елизабет Дијана, во чест како на прабатата, так и на бабата. На фотографијата е принцезата Шарлоте на едногодишна возраст. Таа е број четири во наследувањето на престолот.

Принцот Чарлс


Ушите можат да го издадат: принцот Чарлс Филип Џорџ, познат како принцот Чарлс, е роден на 14. ноември 1948. година. Неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, седна на престолот кога тој имаше четири години. Тој е прв престолонаследник, но дали ќе стане крал, не е сигурно.

Кралица на срцата


Ова бебе дури во подоцнежните години ќе стане дел од кралското семејство. Леди Ди е родена на 1. јули 1961. година, без кралски корени. Во 1981. година се омажи за принцот Чарлс. По распадот на бракот, Дијана загина во сообраќајна несреќа на 31. август 1997. година на 36-годишна возраст.

Добредојде, Вилијам


Принцот Вилијам Артур Филип Луис Моунтбатен- Виндзор е роден на 21. јуни 1982. година во Лондон. По разводот на родителите во 1992. година, Вилијам и брат му Хари живееја наизменичко кај таткото и бабата, кралицата Елизабета втора и кај мајката, принцезата Дијана.

„Лошото момче“ Хари


Во рацете на Дијана, дали во неговите очи веќе се насетува поглед на „немирко“? Принцот Хенри Чарлс Алберт Давид Моунтбатен- Виндзор, познат као принцот Хари, го здогледа светот на 15. септември 1984. година. Поради ексцентричните забави во тинејџерските години често беше во новинските наслови. Во меѓувреме стана помирен, во мај ќе се жени со глумицата од САД, Меган Меркл.

Извор: Дојче веле

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот