X
 21.12.2019 Наука

Швајцарските научници создадоа чоколадо во боите на виножитото

Научниците од Швајцарија пронашле начин да го направат кафеавото чоколадо шарено, без додавање дополнителни состојки.

Швајцарскиот федерален институт за технологија соопшти дека истражувачите откриле метод за поставување посебна структура на површината на чоколадо што го прави да блеска и да свети како виножито.

Универзитетот соопшти дека овој процес го имитира ефектот на кожата на камелеонот, која може да се промени во специфични бои.

Чоколадото во боите на виножитото е подготвено за индустриско производство и научниците веќе се во преговори со големите производители на чоколади.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука