X
 29.03.2021 Живот

Шармантен хотел во јапонска шума изгледа како да излегол од бајките

Ова ново одморалиште е совршено место за луѓето кои бараат мир и тишина. Сместен надвор од Токио, во префектурата Точиги, „Покопоко“ е хотел кој нуди прекрасно шумско искуство за сите возрасти.

Името „Покопоко“ на јапонски значи „стрчи“ како што трите конусни покриви се протегаат нагоре за да се сретнат со врвовите над дрвјата околу нив. Хотелот е дело на компанијата „Клајн Дитам Архитечкр“ која вели дека дизајнот има за цел да создаде зграда од бајките во шумско опкружување.

„Покопоко“ е продолжение на хотелскиот комплекс „Рисанар“ во близина на планината Насу и има за цел да обезбеди дополнителен простор за семејствата да уживаат во мирно повлекување во шумaта. Гостите можат да стигнат до „Покопоко“ со помош на пешачки мост низ шумата што ги поврзува оригинаното одморалиште со новиот клуб.

hotel

2

Целокупната структура е претежно изработена од локални борови дрвја што се користат и за создавање на ентериерот. Закривените покриви се наоѓаат на стаклена фасада која се обвиткува околу целата конструкција, што значи дека гостите можат да останат визуелно поврзани со спокојната шума околу нив.

Секој од трите конуси е дизајниран со различни програми. Централниот конус е фокусиран на простор за готвење и тука се одржуваат работилници и курсеви за храна за посетителите. Овие активности се извршуваат со храна што ја одгледува самиот хотел. Исто така, гостите можат да создаваат сопствена пица и да печат во фурна.

hotel


4

5

Другите два конуси седат од двете страни на централниот простор за готвење. Еден од нив е специјално дизајниран за деца и има игралиште со бела мрежа што делува како структура за качување. Иако овој конус е дизајниран само за деца, и родителите можат да најдат мирно прибежиште на спротивната страна од хотелот. Удобниот мебел е нареден околу отворено огниште и мала библиотека за постарите членови на семејството да седат и да уживаат.

6

7

8

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Klein Dytham Architecture | Nacasa & Partners | Brian Scott Peterson | Mark Dytham.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот