X
 15.11.2017 Забава

Избришаната сцена со која „Титаник“ ќе беше уште подобар

Поминаа 20 години откако се појави легендарниот филм „Титаник“. Ова ремек-дело е запаметено по многубројни моменти – кога Џек ја учеше Роуз да „лета“, а особено сцената кога Роуз лежи на портата што плови по океанот, а Џек умира од студ. И покрај овие неверојатни моменти, дали некогаш сте се запрашале дали филмот би можел да биде уште подобар? Одговор е: „ДА!“

Од веб-страницата „Баз фид“ успеале да пронајдат избришана сцена од филмот која навистина би била „јаготка на шлагот“. Во сцената се вклучени преживеаните од катастрофата кои се спасени од бродот „Карпатиа“.

Кратката верзија од сцената била вклучена во филмот, но продолжената верзија открива толку многу што дефинитивно би оставила силен впечаток кај гледачите.

Во сцената се гледа изразот на вина на лицето на Џозеф Брус Исмах, висок функционер во компанијата што го поседувала „Титаник“, кој бил обележан како кукавица по крајот на настанот. Потоа се гледа Роуз како се качува на бродот, додека нејзината мајка фанатично ја бара. Има и краток увид на посвоената ќерка на свршеникот на Роуз, Кал, за кого гледачите никогаш не ја дознаа конечната судбина.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава