Доколку некогаш сте поминувале над северниот дел од Атлантскиот Океан со авион, веројатно сте го поминале местото каде што потонал познатиот брод „Титаник“ во 1912 година. Од мај наредната година мал број среќници ќе имаат можност да го посетат бродот за неверојатна цена од 125.000 долари.
Уникатната нуркачка тура ќе биде организирана од „
Оушн гејт експедишнс“, компанија со седиште во Вашингтон, САД. Компанијата ќе организира тури до бродот во периодот од мај до септември во текот на следните неколку години. Турите ќе бидат истражувачки и ќе вклучуваат само мал број ентузијасти што ќе платат за да бидат дел од нив.
Ќе бидат спроведени шест 10-дневни мисии, а истражувачите и туристите ќе одат до бродот со подморницата „Титан“. Во подморницата има место за управувач, научник и тројца „гости“ што ќе платат за да го видат бродот. Подморницата ќе ги носи овие среќници на длабочина од 3.800 метри под површината на морето. На подморницата има кружни прозорци од кои ќе може да се гледа надворешноста.
Научниците што ќе патуваат до „Титаник“ ќе ја проучуваат брзината на неговото распаѓање и ќе известуваат за артефактите околу бродот, како и животните што живеат во „Титаник“ во моментов. На крајот ќе се создаде детален 3Д-модел од остатоците на бродот и околината.
Автор: Дерја Оздемир
Извор:
interestingengineering.com