X
 15.11.2022 Живот

Студентите ќе користат студентски оброк по старите критериуми

- Студентите секогаш имаат право да го кажат својот глас, своите ставови, а ние што сме во Владата и пратениците, треба тие ставови да ги сослушаме, да разговараме со студентите и да се дојде до решение кое ќе биде на задоволство на сите - изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по вчерашната средба со студентските здруженија, на која присуствуваа и министерот за образование Јетон Шаќири и пратеници од Собранието.

Премиерот посочи дека преку конструктивен дијалог со студентските здруженија, Министерството за образование и пратениците, се изнајде заедничко решение во однос на студентскиот оброк.

- Драго ми е што се изнајде заеднички јазик, на задоволство на студентите во однос на студентскиот оброк. Но се разговараше и за други аспекти на студентскиот стандард, пред сѐ, во делот на инфраструктурата во студентските домови, при што веќе се договоривме со министерот за образование дека и во тој дел ќе бидат направени максимални напори за унапредување на просторот во одредени студентски домови каде што не е на најдобро ниво.

Во однос условите во студентските домови, премиерот потенцираше дека ќе имаат непречено снабдување со електрична и топлинска енергија.

- Студентските домови, најголемиот дел, се на централното греење во градот Скопје. Ние обезбедивме централно греење во Скопје и тоа можат да го потврдат сите граѓани, веќе се набавени и количини на енергенти за до крајот на овој месец.

А доколку има потреба за догревање, тогаш секако дека Министерството за образование и наука заедно со Министерството за економија ќе направи така како што направивме и за прехранбената индустрија, како што направивме и за другите витални функции во државата - рече премиерот Ковачевски.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот