X
 10.03.2022 Образование

Факултет во Загреб им нуди на украинските студенти бесплатно да ги продолжат студиите

Универзитети низ цела Европа им помагаат на бегалците од Украина и се солидаризираат со студентите кои се заглавени во земјата за време на војната со Русија. Еден универзитет од регионот нуди помош на друг начин.

Ветеринарниот факултет при Универзитетот во Загреб објави јавна порака до сите украински студенти дека ќе може да го продолжат своето студирање бесплатно, на англиски или хрватски јазик, на факултетот. Ова се однесува на сите студенти кои досега студирале ветерина во Украина, а поради војната, морале да ја напуштат земјата.


Факултетот ќе им обезбеди на студентите и бесплатни ручек и вечера во студентските мензи, пракса на клиниките на факултетот, стручна теренска работа, но и академска и психолошка поддршка во продолжувањето на кариерата.

- Со голема загриженост ги следиме вестите за воените настани во пријателската земја Украина и изразуваме најдлабока тага поради страдањето на жителите на Украина. Чувствуваме искрена емпатија кон сите украински студенти, колеги-професори и целата нација и изразуваме желба агресијата на територијата на република Украина да заврши - напишале од факултетот.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование