X
 15.11.2023 Живот

Температури од 52,5 Целзиусови степени - прогласен црвен метеоаларм во Бразил

Во речиси 3.000 бразилски градови и населени места стапи во сила црвен метеоаларм поради екстремните горештини, јави Би-би-си.

Температурата достигна рекордно високо ниво во области околу Рио де Жанеиро, каде што надмина 52,5 Целзиусови степени.

Повеќе од сто милиони луѓе се погодени од горештините, а овој топлотен бран ќе трае до петок, 17 ноември, најавија метеоролозите во Рио де Жанеиро.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот