Ужасно е чувството кога некој се труди колку што е можно подобро да си ја врши работата, а на крајот не добива плата. Младиот бразилски наставник Бруно Рафаел Паива два месеца не добил плата, па бил принуден да почне да спие во училиштето зашто не можел да си ја плати киријата.
Учениците дознале за неговиот проблем, па собрале околу 400 долари и го наградиле со „плата“. Кога сфатил што се случува, Бруно се расплакал пред целиот клас. Следувала групна прегратка, а снимката што ќе ја видите многу брзо стана хит на интернет и стигна до медиумите.