X
 15.11.2024 Наука

Светските медиуми ѝ се восхитуваат на хрватската научничка која сама се излекува од рак

Приказната за д-р Беати Халаси, хрватски вирусен имунолог, која сама успешно го излекува ракот на дојка со вбризгување лабораториски одгледани вируси во туморот, ја објавија многубројни светски медиуми.

За тоа пишуваше и „Вашингтон пост“, а беше истакнато дека по неконвенционален третман, Халаси е во ремисија речиси четири години. За д-р Халаси пишуваше и „Дејли мејл“, нагласувајќи дека таа се одлучила на овој необичен потег бидејќи не сакала уште еднаш да помине низ пеколот на хемотерапијата.

Приказната ја пренесе и порталот УНИЛАД, кој нагласи дека ракот на д-р Халаса е во трета фаза и дека во експериментот користела вируси кои сама ги одгледувала во лабораторија. Веста беше објавена и во Словенија, па „Дело“ пишува дека оваа жена од Загреб, која по ова искуство добила средства за понатамошни истражувања, веќе почнала да развива нови пристапи за лекување на ракот кај домашните животни.

Необичната приказна ги заинтересирала и медиумите во Италија, а веста се прошири до Индија и Австралија.

Во експериментот користела онколитичка вирусна терапија или ОВТ, ново поле на третман на рак кое користи модифицирани вируси за инфицирање и убивање на клетките на туморот, додека му помага на имунолошкиот систем да се бори против ракот.

Повеќето клинички испитувања на ОВТ се спроведени на метастатски карцином во доцна фаза. Сепак, во последните неколку години научниците ја фокусираат неговата примена на раните фази на ракот.

 
Д-р Беати Халаси, во соработка со колегите д-р Форчиќ и д-р Куртовиќ, решила да го таргетира нејзиниот тумор со последователна апликација на два различни вируси, прво сипаници, а потоа везикуларен стоматитис.

- Ја известив мојата лекарка, онколог Силовски, која стоички го поднесе тоа и откако беа направени сите првични дијагностики и биопсија на туморското ткиво, го започнавме експериментот. Примив седум инјекции на вирусот на мали сипаници директно во туморот во период од три недели, а промените беа следени и опишани со ултразвук од страна на д-р Мршиќ. Вториот вирус беше администриран три пати за да се заобиколи изградениот имунитет на вирусот на мали сипаници. Севкупниот резултат од ова самоекспериментирање е што по два претходни рецидиви на агресивен тумор во период пократок од две години, денес сум во ремисија веќе четврта година - нагласила д-р Халаси.

Извор: jutarnji.hr

Фото: Pubity/Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука