X
 29.10.2017 Наука

Експериментот на НАСА со двајцата близнаци сега има резултати

Астронаутот на НАСА, Скот Кели, поминал една година во Меѓународната вселенска станица со цел да се добие одговор на прашањето, како долгорочните мисии во вселената влијаат на здравјето на астронаутите, имајќи ги предвид летовите на Марс.

фото извор: Getty Images

За резултатите да бидат што попрецизни, братот близнак на Скот, Марк, останал на Земјата. И двајцата биле прегледувани, за да се направи подредување на биолошките параметри. Промената во висината е само една од промените кои научниците го воочиле. Скот и Марк имаат исти гени, но времето поминато во вселената значително влијаело на начинот на кои тие гени се изразени.

Претходно било познато дека престојот во вселената влијае на коските и мускулите кои слабеат, додека содржината на солите во организмот се менува, имунолошкиот систем слабее, доаѓа до нарушување на сонот. Сепак, промените кои се јавуваат по подолгиот престој надвор од Земјата, до сега биле непознати.

Професорот Кристофер Мејсон, кој го водел ова истражување, истакнал дека илјадници гени се менуваат, некои дури и во истиот момент кога астронаутот влегува во вселената. Исто така, дури и неколку дена по враќањето на Земјата потребно е да пројдат за одредени гени да се вратат во нормала. Резултатите кои ги објавила НАСА покажуваат дека теломерите на Кели, кои се наоѓаат на краевите на хромозомите, се издолжиле за време на престојот во вселената, а тоа е сосема спротивно од она што се очекувало. Кратките теломери обично се поврзани со стареењето. Научниците уште истражуваат што можело да биде поврзано со издолжувањето на теломерите – можеби вежбањето и внесувањето на помалку калории.

Исто така имало примена на неговата експресија на гени. Истражувачите воочиле и разлика во бактериите во стомакот. Промените се видливи во текот на целата година помината во вселената, а се резултат на различните диети и опкружувања.

Научниците се решени да го истражат она што го нарекуваат „вселенски ген“, со оглед на фактот дека се воочени и промени во белите крвни зрна и РНК.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука