Градот Врбовско во Хрватска некогаш бил раздвижен и полн со живот. Но, во последно време овој хрватски град губи многу жители, па затоа новата мерка што ја смислија хрватските власти е надеж дека работите ќе бидат како порано.
Хрватските медиуми пишуваат дека оние што ќе се одлучат да живеат во овој град, ќе добијат земјиште на користење.
Условот за користење на земјиштето е да изградат куќа во период од три години, а ако го исполнат условот, земјиштето ќе им биде префрлено на нивно име.
- Нашиот град изумира, многу млади си заминуваат, па овие мерки придонесоа да се отворат повеќе работни места во нашиот град. Она што би сакал е да имаме нормален живот - вели Невен Шулиќ од Врбовско.
Иако сѐ уште е во изработка, планот за бесплатното земјиште се прошири, па веќе има голем број заинтересирани.
- Сметаме дека луѓето можат и во нивните 50-ти и 60-ти години да почнат да градат куќа. Куќите ќе бидат за станбени цели, но може да се користат и за туристички цели - вели Марина Тонковиќ, раководител на Единствениот административен округ на град Врбовско.
Извор:
Bizlife.rs
Фото:
Wikipedia