X
 17.01.2015 Наука

Едноставна игра за мобилен со која се борите против ракот

Пациентите заболени од рак често пати се соочуваат со тешка одлука: дали да одат на операција или да се одлучат за хемотерапија? Некои пациенти подобро реагираат на еден третман во однос на друг, меѓутоа резултатите тешко се предвидуваат.

 

рак


За да се најдат најдобри одговори, британските истражувачи побараа помош кај видео игрите.

„Reverse the odds“ е игра во која играчите треба да го „поправат“ магичниот свет преку решавање на загатки - секоја загатка бара едноставна анализа на податоци за ракот. Додека играчите ги гледаат слајдовите на поранешните пациенти заболени од рак, одговараат на основните прашања во врска со моделите кои ги гледаат, а нивните одговори се испратени во лабораторија.

„Нашите научници имаат огромна количина на податоци кои треба да се анализираат“, вели Хана Керланд, водач на истражувањето. „Голем дел од оваа анализа треба да се направи од човечкото око - компјутерите не се доволно точни и прецизни. Ова може да им одземе на истражувачите многу време. Меѓутоа, со тоа што анализата е достапна и за пошироката јавност, преку вградување во игра за мобилен, се надеваме дека ќе добиеме одлични резултати и побрзо ќе го победиме ракот“, додава таа.

 

2


Играта поставува прашања за кои не е потребна обука во науката, како на пример, дали одреден слајд има светло сини клетки. Истражувачите преку користење на податоците можат да откријат како пациентите би реагирале на одреден третман.

Ова е трета игра по ред која е произведена од непрофитабилната организација „Cancer Research U.K“. „Cell Slider“ е уште една игра која од играчот бара да ги открие клетките на ракот.

„Cancer Research U.K“ се надева дека нивните игри можат да помогнат во неверојатни откритија како што во 2011 година играта „Foldt“ успеа да направи големи откритија поврзани со СИДА-та.

 

Играта е достапна во „Apple App Store“ и „Google Play“.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука