Празничното расположение стаса и во домот на британската кралска фамилија и сигурно ќе ви биде интересно да видите како се украсени најпознатите дворци во Велика Британија.
Кај кралската фамилија сѐ има традиционален и стилизиран изглед, а се инсистира на природни елки. Пред Кенсингтонската палата е поставена раскошна елка од девет метри, украсена со лампиони во златна боја.
Пред влезот на Бакингемската палата, пак, се поставени неколку елки.
Внатрешните украси се малку пошарени, венецот од гранки е поставен долж оградата на скалите и е украсен со лампиони во различни бои. Сепак, се чини дека омилени украси во кралската фамилија се оние со облик на
круна.