Добро напишаното CV е првиот чекор меѓу вас и потенцијалното работно место. Но, да се напише добра биографија секогаш е тешко затоа што никогаш не знаете што работодавците всушност најмногу гледаат од сите информации кои ќе ги ставите во вашето резиме.
„Business Insider“ тврди дека менаџерите на човечки ресурси, директорите или конкретно работодавците поминуваат само 6 секунди гледајќи во вашето CV. Тоа имплицира дека потребно е да имате одлична хронологија при пишувањето. Треба да имате во предвид дека работодавецот прегледува стотици резимеа, а чита исто толку мотивациони писма. Токму луѓето кои вработуваат од „Business Insider“ откриваат кои делови на вашето резиме го гледаат во текот на тие шест секунди. Секако, резултатите воопшто не изненадуваат, со оглед на тоа што веројатно знаевме, но секоја потврда е и повеќе од добредојдена.
1. Име и презиме - Основните податоци за кандидатот, односно нивна идентификација
2. Компанијата во која моментално работите и позицијата на којашто сте поставени
Доколку сте моментално без работа, работодавците и регрутерите ја гледаат последната фирма за која сте работеле, и повторно, позицијата на којашто сте биле поставени и времето поминато на тоа работно место.
3. Останатите работни места
4. Образование, степен на образование и на кој факултет сте дипломирале
Накратко, личноста која ја гледа вашата биографија е заинтересирана за визуелната хиерархија. Јасноста и прецизноста на информации кои стојат на CV-то најмногу се ценат, а повеќето експерти советуваат да избегнувате да поставувате фотографии.