Доколку една од вашите новогодишни одлуки е да читате повеќе книги, обидете се да прочитате 50 до мај, 100 до август и 200 до крајот на 2016 година. Ејми Меклеј Питерсон, мајка со две дипломи по англиска книжевност го сторила тоа изминатата година. Поточно, таа прочитала 164 книги до декември. За „Вокс“ открива што научила во текот на годината на читање.
Не ја завршувајте секоја книга која ќе ја почнете
Ова, освен што може да биде здодевно, понекогаш е и контрапродуктивно.
„Читањето е прекрасно и не треба да биде обврска, а доколку стане обврска, престанете со него“, вели таа.
Издаваштвото сè уште е доминирано од бели луѓе
Питерсон вели дека диверзитетот сè уште е на срамно ниво во издаваштвото. Барањето нови литературни гласови ја проширува перспективата на читателот и прави тој/таа да излезе од зоната на удобност.
Фикцијата учи на повеќе од емпатија
Неодамнешно истражување покажа дека читањето фикција ги прави луѓето поемпатични. Ова е точно, според Питерсон. Но, тоа не е единствената поволност кај читањето. Од романите се учат и културни и социолошки лекции.
Доколку не сакате да ризикувате, читајте превод
Питерсон дознала дека сите книги преведени на англиски јазик речиси сигурно се одлични. Таа вели дека од сите книги што ги прочитала, само три преведени дела не ѝ оставиле особен впечаток.
Читањето не е натпревар
Читањето има повеќе поволности: учење за другите култури, промовирање на диверзитетот, останување во разговорите за книжевноста, но најголемата причина поради која Питерсон читала толку многу е бидејќи тоа ја прави среќна.
„На крајот на секоја книга која ми се допаѓаше се чувствував трансформирана“, пишува таа.