Тениската легенда Андре Агаси во текот на неговата 20 годишна кариера помина долго време учејќи ги неговите противници на теренот.
Во тој период, овој тенисер успеа да освои 60 титули од кои 8 Гренд Слемови. Не е ни чудно што се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на овој спорт.
Во 1994 година тој ја основал „Андре Агаси фондацијата за образование“. Од своите почетоци, фондацијата има собрано повеќе од 180 милиони долари кои ги вложуваат во образование, како и за отворање на Андре Агаси колеџ - Подготвителна академија во Лас Вегас во 2001 година.
Во интервју со „People“ магазинот Агаси објаснува дека неговата страст кон образованието доаѓа токму поради тоа што тој никогаш не добил никакво образование. Кога имал 13 години бил отпишан од редовното училиште и бил испратен на тенисерска академија. Иако имал огромен успех на теренот, тој постојано се прашувал каков би бил неговиот живот доколку не запливал во тенисерските води.
„Немав избор во мојот живот. Едноставно се фокусирав на тенисот. Помислата на тоа што би се случило доколку не бев успешен едноставно ме прогонува“, вели тој.
Научниците од секаде низ светот се согласуваат дека раните години во развојот на детето се суштински за усовршување на јазичните вештини. Мозокот на децата е како сунѓер, па затоа е важно да се искористи уникатната способност на мозокот и да се развијат нови вештини во текот на овие години.
Сфаќајќи дека основата на јазикот на рана возраст е клучот за подготвување на студентите за долгорочен успех, неговата фондација откри уникатно решение за проблемот со читањето. Агаси заедно со „Square Panda“, старт-ап која создава иновативен, мулти-сензорен таблет станици за децата. Основниот производ на компанијата е наречен „Panda Playset“, а Агаси вели дека тој верува дека токму овој производ ќе го револуционизира начинот на кој децата ќе учат да читаат.
„Ова е совршен начин да се водат децата уште на рана возраст да се запознаат со буквите, и да им се даде шанса да бидат подобри во образованието“, вели Агаси.
Производот е еден вид на „адаптивен систем“ што значи дека се адаптира на секое дете. Тој им помага на децата да научат како да ги разликуваат буквите и како да ги научат механиките на создавањето на зборови преку мулти-сензорно искуство.