X
 13.01.2016 Култура

Малото шпанско село Урења - дом на повеќе книги од луѓе

1

 

Замислете мал средновековен град позади висок ѕид - замокот стои на крајот, а се` наоколу е опкружено со лозје и полиња со пченица. Замислете дека токму ова гратче е посветено на читањето и пишувањето. Замислете дека целиот град, во суштина е една магична книжарница.


Едно од многуте европски чуда, оваа бајка за љубителите на книга постои во Шпанија. Местото се вика Урења, на два часа возење северозападно од Мадрид. Градот е опколен со средновековен ѕид, опкружен со огромни рамнини, во регионот на Кастилја и Леон. Во последниве години, тој се трансформираше во „Villa del Libro“, село кое ги прославува книгите.

 

1


Помалку од 200 луѓе живеат во Урења, според пописот од 2014 година. Меѓутоа овие неколку селани имаат 12 различни книжарници, што значи дека има по една книжарница на секој 16-ти човек. Некои од нив се специјално за стари и ретки книги. Друга пак се фокусира на регионот на Кастиља и Леон, а друга пак на детски книги. Книжарата наречена „ЕI7 Bookshop“ е специјализирана за борба со бикови. Некоја друга е сконцентрирана на нејзината колекција на вино и книги, а токму оваа книжарница се нарекува „The Cellar“.

Во прилог на книжарниците, Урења е дом на Институтот за древна калиграфија, која нуди часови за стари техники за пишување пронајдени во средновековните ракописни томови. Слично на тоа, работилницата за занаетчиски книги одржува семинари за тоа како физички да се создадат корици и страни од кои се создадени книгите.

 

3

4


Урења исто така може да се пофали со прекрасни музеи. Се разбира, тука е Музејот на книгите и пишувањето и Музејот на приказните. Но, исто така постои и Етнографски музеј, кој го води Хоакин Дијаз, познат локален експерт за регионален фолклор, а кој се наоѓа во еден замок од 18-от век. Музејот на музичките куќи нуди широк спектар на вредни антички инструменти од цела Европа и целиот свет. На крајот, „е-LEA“ центарот одржува изложби и предавања од областа на литературата и пишувањето.

Иако е центар на учењето и историјата, Урења направи свесна одука да стане дел од „Vill del Libro“ во 2007 година. Овој град се приклучи на Меѓународната организација на градови со книги.

Денес, Урења привлекува над 40.000 љубители на книгата 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура