X
 04.01.2016 Наука

Една поинаква вц школка

wc

 

Евтина, лесна за одржување, „зелена“ вц школка која не користи вода и човечкиот отпад го претвора во електрична енергија и чиста вода треба да започне да се употребува во Гана оваа година.


Тимот од Кренфилд Универзитетот во Велика Британија, ја нарече „Nano membrane toilet“, а за неа вели дека треба да им помогне на 2.3 милијарди луѓе кои немаат пристап до безбедни, хигиенски тоалети.

Магијата се случува тогаш кога ќе го затворите капакот. На дното на вц школката се наоѓа механизам на ротација, кој го носи отпадот во комора за седиментација, која помага во блокирањето на миризбите. Тогаш отпадот се филтрира преку посебна нанотехнолошка мембрана, која ги дели испарените молекули на вода од остатокот од отпадот, помагајќи во спречувањето на цврсти материи и патогени да не бидат носени понатаму од водата.

 

1


Потоа испарената вода патува низ комората, која и` помага на испарената вода да падне во сливното подрачје. Оваа вода е доволно чиста, такашто може да се користи во домаќинството како и за наводнување.

Останатиот дел од цврстиот отпад и патогените се одведени до втората комора. На овој дел од дизајнот се`уште се работи, меѓутоа моменталниот план е цврстиот отпад да се запали и да се претвори во пепел и енергија. Енергијата што ќе го движи процесот на наномембранската филтрација, е доволна за да напои мобилен телефон или други мали уреди.

Единствениот отпад од целиот процес е пепелта од согорувањето на цврсти материи, кој е богат со хранливи состојки и употреблив во земјоделието.

Финансиран од фондацијата „Bill & Melinda Gates“, и победник на „CleanEquity“ за 2015 година, вц школката треба да бие тестирана оваа година, во Гана.

Во моментот, повеќе од 650 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста вода, а повеќе од 2.3 милијарди немаат пристап до безбеден, приватен тоалет. Истражувачите од целиот свет работат за да го решат овој проблем, меѓутоа високо-технолошките решенија како што се на пример соларните панели, обично се премногу скапи за да бидат практични.

Исто така, тука постојат и социолошки проблеми. Со оглед на тоа што инфраструктурата на тоалетите се влошува, луѓето повеќе се одлучуваат да одат надвор, наместо да ги користат тоалетите, па така жените се подложни на силување и се создаваат дополнителни хигиенски проблеми.

Вц школката со нано мембрана е чиста и треба да започне да функционира во средини кои немаат канализација, надворешна електрична енергија и вода. Па, ќе биде интересно да се виде како функционира.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука