X
 04.01.2016 Живот

Правила за возење на снег

Снегот на патот создава страв кај возачот бидејќи тој/таа чувствува дека автомобилот не одговара на командите и дека врската со асфалтот е многу слаба.


Лизгавото време во градското возење не е толку опасно за учесниците на сообраќајот како што се смета. Брзините се многу мали и единствената последица би можела да биде материјалната штета. Меѓутоа, на отворен пат треба да се биде многу внимателен бидејќи при директен судар последиците може да бидат фатални.

Безбедносниот појас мора да биде заврзан секогаш, а зимските гуми се задолжителни. Доколку сте во можност, имајте резервно гориво во случај да има застој во сообраќајот. Антифризот, намалената брзина, зголеменото растојание, подготвеност во секое време се некои од општите совети за безбедно возење.

Кога станува збор за техниките кои придонесуваат за побезбедно возење зиме, треба да се одбегнуваат остри и ненадејни движења. Немојте да забрзувате и силно да кочите бидејќи ваквите постапки ќе доведат до лизгање.

Во текот на возењето се препорачува лесна контрола врз гасот. Во зимските услови подобро е порано да се смени степенот на пренос, односно порано менување во поголема брзина.

Се препорачува возење во втора брзина на замрзнати површини.

Потоа, кочете порано и имајте на ум дека мора да ја попуштите кочницата за да управувате (вртите).

Активирајте АБС и останати состави за контрола на стабилноста на возилото.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот