X
 04.12.2024 Живот

Дали е штетно полнењето гориво додека работи моторот на автомобилот?

Кога температурите се ниски, сигурно сте размислувале да не се изложувате премногу на студ при полнење гориво, туку да останете во автомобилот со вклучен мотор и вклучено греење. Таквата практика може да ви даде привремена удобност, но тоа не е најдобрата идеја.

Затоа одговараме на прашањето дали може да се точи гориво додека работи моторот на автомобилот? Одговорот е дека тоа е е најдобра идеја.

Причината е дека иако постојат минимални шанси за пожар, работењето на моторот ја зголемува можноста за палење на пареата на гасовите доколку дојдат во контакт со статички електрицитет.

Затоа е најбезбедно да го исклучите моторот на автомобилот за да избегнете дури и најмала можност од пожар.

Друго прашање е дали таквата практика може да го оштети моторот? Опасноста од предизвикување пожар е поголема од можното оштетување на возилото. Меѓутоа, само затоа што не го оштетува возилото, не значи дека нема да предизвика проблеми.

Иако ова не е нужно лошо за вашиот автомобил, може да го вклучи тоа досадно светло за „проверка на моторот“ бидејќи автомобилите се изградени да детектираат дури и најмало истекување на гас од резервоарот за гориво.

Извор: Jutarnji.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот