Студеното време стигна и на шпанските острови Ибица и Мајорка.
Плажите се покриени со снег, а во некои места температурата се спушти и до -2 Целзиусови степени. Островите Мајорка, Ибица и Менорка беа погодени од невремето „Џерард“ оваа седмица. До крајот на неделава се очекува уште снег, а не се исклучуваат и невремиња.
Шпанската метеоролошка агенција издаде жолто предупредување за Балеарските Острови.
Фотографии објавени на социјалните мрежи покажуваат како изгледаат овие летни дестинации под снег.
Извор:
Jutarnji
Насловна фотографија: Twitter