X
 24.06.2021 Живот

Еве како да изладите внатре во автомобилот за само 10 секунди

Седењето во врел автомобил не само што е многу непријатно, туку може да биде и опасно по здравјето. Без оглед дали имате клима-уред или не, овој трик ќе ви помогне да го разладите автомобилот што стоел на сонце за 10 секунди.

Оние кои го пробале велат дека ја намалува температурата во возилото за околу 10 степени.

Сè што треба да направите е:

- Отворете го прозорецот на совозачот и затворете ја вратата.

- Вратата од страна на возачот постојано отворајте и затворајте ја (погледнете подолу на видеото).

Дополнителни совети:

Добро е на седишата, ако се кожни, да ставите некаков памучен материјал. Така ќе ви биде полесно да седите бидејќи нема да ви биде толку жешко.




Извор: 24sata.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот