X
 06.01.2016 Култура

Забранетата книга во Израел

книга

 

Неодамна во Израел од списокот на лектири е тргната книгата „Borderlife“ од авторката Дорит Рабинјан. Станува збор за роман кој ја истражува тематиката на мешаниот брак меѓу една Еврејка и еден Палестинец, односно за надминување на актуелните проблеми со кои се соочува Блискиот Исток.


Инаку, делото е издадено во 2014 година и веднаш ги собрра најважните израелски литературни награди, а израелските професори поради тоа што беше квалитетно прикажана приказната, инсистираа да се најде во наставната програма.

Во меѓувреме се огласи и ресорното министерство кое вели дека на државно ниво се`уште се дискутира дали книгата ќе биде дел од лектирите. Но, во целата приказна малку светло внесе Далиа Фениг, официјално лице од министерството за образование, која ја откри вистинската причина за цензура на „Borderlife“.

Таа невешто објсни дека до ваква дебата се дојде поради тоа што нејзиното министерство заклучило дека содржината на книгата е несоодветен за средношколците.

„Адолесцентите имаат тенденција да романтизираат и најчесто не размислуваат за тоа што значи заштита на националниот идентитет, односно важноста на асимилацијата во нашата култура“, стои во нејзината изјава.

Во приказната се приклучи и самата авторка која вели дека најголемиот дел од приказната во нејзиниот роман се случува во Њујорк, но исто така таа се потруди да ги укаже сличностите и разликите на нејзините херои преку призмата на набљудувањето на ситуацијата од далечина.

„Моите главни херои една зима се среќаваат во Њујорк кадешто имаат можност темелно да се запознаат еден со друг. Тие се најдоа во ситуација која би била невозможно да се случи доколку би останале во Израел. Претпоставувам дека нивната можност да ги пребродат ужасите кои се случуваат на Блискиот Исток, е она што го сметаат за закана министерството за образование“, вели таа.

Израелскиот министер за образование, Нафтали Бенет, неодамна гостуваше во едно ток шоу во кое новинарот го запозна со фактот дека продажбата на книгата е зголемена после забраната од неговото министерство.

Бенет ги бранеше неговите постапки, а откако прочита неколку пасуси од книгата, тој ја обвини авторката дека израелските војници се портретирани како садисти. „Дали треба изралеските деца да го читаат ова? Дали ова е навистина приоритет?“, беа неговите зборови.

Многумина експерти сметаат дека Израел, кој се`уште е оптоварен со прашањето околу мешаните бракови, дополнително ќе ја продлабочи кризата на Блискиот Исток со ваквите потези. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура